Познатата американска глумица Ева Мендез на Инстаграм сподели мисла против удирањето, поточно „потплеснувањето“ деца како воспитна мерка… Со тоа предизвика доста бранувања во коментарите.

„Потплеснувањето за развојот на детето е она што удирањето на брачниот другар е за бракот“, гласи реченицата.

Многумина се сложија дека ќотекот никако не е воспитна мерка. Но, имаше и поинакви мислења…

„Не знам баш. Мене ’ме потплеснуваа‘, па сега сум возрасен човек со почит. И, верувај, го заслужував тоа. Бев немирен”, напиша еден следач.

„Те сакам, но воопшто не се согласувам. Целта во воспитувањето деца е да нема ќотек, но тоа е една исправка за да можат да го сфатат разумното однесување, со тебе. Сосема друго е да удрите некого”, гласи друг коментар

„Потплеснувањето е начин на поучување, а не тепање, повредување или злоупотреба“, напиша друг обожавател.

На крај, и самата Мендез призна дека понекогаш го користела тоа „благо ќотече“ како поука.

„Мислам дека секој е различен и ја почитувам сечија одлука. Но, јас, ете – не потплеснував често, но го правев тоа“, одговори Мендес. „Ви благодарам за коментарите. Среќна сум што се согласуваме дека не мора да се согласиме. Следете ја (сакајте ја) оваа страница со љубов. Сите ние се сме родители на свој начин и најчесто, јас и немам претстава што правам. Тоа не доаѓа со прирачник, па кога има нешто што ми одекнува, го споделувам. Многу љубов на сите!“, напиша глумицата.

Ева има две деца со сопругот Рајан Гослин, исто така – познат глумец.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2021 11:43