Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 596 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не билe примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 79 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 245 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 41 болен.

Вкупно 596 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 219 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2021 17:12