Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре (понеделник ), без електрична енергија ќе останат дел од Чаир и од Гази Баба.

Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување добиено од ЕВН, од 8:50 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Солунска, ул.Цветан Димов ул.413, ул.Чаирска и Детска Градинка, општина Чаир.

Од 08:30 до 12:30 часот, пак, без напојување со електрична енергија, ќе останат корисниците од ул.Томас Минцер ул.Тодор Ецов во општина Гази Баба.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2021 13:09