ЈП Комунална хигиена-Скопје синоќа започна активности за машинско и рачно миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на општината Чаир. Активностите се спроведоа во текот на целата ноќ, во рамки на третата смена, со помош на три автоцистерни наменети за машинско миење и две автоцистерни наменети за рачно миење на улиците, соопшти претпријатието.

-Во периодот на рамазанските пости, во текот на денот вообичаено забележуваме зголемена фреквенција и движење на граѓаните. Од овие причини, во координација со општината Чаир, нашите екипи ќе спроведат засилено машинско и рачно миење на улиците и булеварите во оваа скопска општина, рече директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Тој истакна дека главен приоритет на ЈП Комунална хигиена-Скопје е одржување на јавната чистота и заштитата на здравјето на граѓаните. Изрази надеж дека нивните вонредни активности ќе придонесат за намалување на ширењето на вирусот Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2021 11:33