Патиките на американскиот рапер Кање Вест, коишто тој ги носеше на Греми наградите 2008 година, се продадени за рекордни 1,8 милиони долари. Ова се првите патики што се продадени за над милион долари, соопшти стоковната куќа „Сотби’с“.

Цената го надмина претходниот рекорд три пати. „Сотби’с“ наведува дека патиките „Џизи Најк ер 1“ ги купиле луѓе преку платформата за инвестиции „Рерс“, по пат на приватна продажба.

– Кање е икона, без оглед на тоа што мислат луѓето за него. Чувствувавме дека овие патики се катализатор за она што сакавме да го сториме во однос на фракционалната сопственост, истакна Џером Сап, извршен директор и соосновач на „Рерс“ за „Блумберг“.

Претходно, рекордната продажба на наддавање на „Сотби’с“ се случи на 1 мај 2020 година, кога купувач плати 560.000 американски долари, исто така, за пар „Најк ер Џордан“ патики.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2021 12:22