Ако пиете кафе, веројатно, се согласувате дека малку што може подобро да ве разбуди наутро, но и преку дента. Ново истражување ја разгледува поврзаноста меѓу активноста на мозокот и кафето и, се чини, ги потврдува тие уверувања.

Неврорадиологот Нуњо Соуза, претседател на Португалското медицинско училиште при Универзитетот во Минхо, го водел истражувањето спонзорирано од Институтот за научни информации за кафето. Д-р Соуза и неговиот истражувачки тим користеле функционална магнетна резонанца – ФМРИ, за да го следат протокот на крв во мозокот и активирањето на невроните кај група луѓе кои пиеле кафе во споредба со друга група, кои не пиеле кафе. Испитувањата се спроведени во три држави.

„Ова е првпат ефектот на редовно пиење кафе врз нашиот мозок да се проучи со ова ниво на подробност“, пишува Соуза во студијата.

Имено, откриено е дека навистина постои врска меѓу пиењето кафе со моториката и будноста. Со други зборови, ако се чувствувате повнимателни и сосредоточени откако ќе го испиете утринското кафе, ова истражување потврди дека напивката ги има тие влјанија врз мозокот.

Покрај тоа, кафето може да ја зголеми и способноста за учење и сосредоточеност, како и за обработка и складирање на сеќавањето. Но, мозокот на учесниците во испитувањата покажал и поголем степен на стрес после пиењето кафе.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2021 12:32