ЈСП информираше дека во сабота, (1.05.2021 год) јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаен возен ред, без временски ограничувања.

Во останатите денови од претстојниот, продолжен празничен викенд, односно во петок, недела и понеделник, автобусите ќе сообраќаат до 21 часот по неделен возен ред.

Во прилог се последните термини на поаѓање пред 21 часот во петок, недела и понеделник.

Во сабота (1.05.2021 год) и недела (2.05.2021 год), билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Во петок (30.04.2021 год) и понеделник (3.05.2021 год), дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и на 100 локации од секундарната продажна мрежа (трафики, маркети, тобака).

Прегледот на локациите е достапен на веб и фејсбук страната на ЈСП Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2021 12:20