Општина Центар ќе добие три специјални комунални возила кои ќе им бидат на располагање на службите за одржување на уличната хигиена и ќе се користат за чистење на улиците на територија на општината.

Како што информираат од општината, градоначалникот Саша Богдановиќ, го потпишал Барањето за спроведување постапка за набавка на три специјални комунални возила за потребите на општината.

– ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ ОБЕМ НА РАБОТА НА ОПШТИНСКИТЕ КОМУНАЛНИ СЛУЖБИ, СО НАБАВКАТА НА ОВИЕ ТРИ ВОЗИЛА И ДОПОЛНИТЕЛНО, НАБАВКАТА НА УШТЕ ЕДНО КОМУНАЛНО ВОЗИЛО – ЦИСТЕРНА, ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ СТЕПЕНОТ НА ЈАВНАТА УЛИЧНА ХИГИЕНА ВО ОПШТИНАТА, СТОИ ВО СООПШТЕНИЕТО.

Дополнуваат дека ова е уште еден чекор напред на Општина Центар, во поглед на обезбедување на чисти, проодни и пред сѐ, безбедни улици за одвивање на сообраќајот и непречено движење на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за сообраќај.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2021 13:57