Човекот кој, веројатно, секој што користи социјални мрежи, го видел барем еднаш – Хуан Хоја Борја почина на 65-годишна возраст. Шпанецот стана едно од најпознатите лица на интернет, поради легендарната и заразна смеа, првпат видена на емисија на една шпанска телевизија.
Потоа, снимката стана инспирација 1000-ци хумористични и сатирични шеги и видеомонтажи.
Како што јави „АБЦ Севиљa“, тој бил во болницата „Каридад де Севиља“ од септември лани и дека ногата му била ампутирана поради проблеми со крвните садови.
Фејсбук и Твитер се полни со објави во коишто луѓето му оддаваат почит.