Поради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф-200 мм во Полициска станица Водно, како и дефект на затварач од Ф-250 мм на улица „Тодор Александров” бр.3 без вода во вторник, ќе бидат жителите на повеќе улици во населбата Водно, информираат од ЈП „Водовод и канализација”.
– Без вода од 8:30 часот до завршување на активностите ќе бидат корисниците на дел од улиците „Ловќенска”, „Караорман”, „Ѓеорги Хаџипанзов”, „Капиштец”, „Тодор Александров”, „Ацо Караманов”, „Питу Гули”, „Димитар Пандилов”, „Димитар Беловски”, „Христо Чернопеев”, „Периша Савелич”, „Славејко Арсов”, „Тасино Чешмиче”, „Востаничка”, „Белградска”, Ѓорги Скрижевски”, како и ОУ „Кочо Рацин”, ДГ „Кочо Рацин” и сите дипломатски претставништва и Амбасади на овие улици, информираат од ЈП „Водовод и канализација”.