Денеска(04.05.2021), полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода С.Ј.(37) од Куманово.

При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја и едно пакување со бела прашкаста материја.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2021 16:29