Од денеска Општина Чаир обезбеди околу 40 милиони денари за имплементација на Проектот за реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација на улиците Дижонска 15, 17, 19, 21, 23 и 23 А.

Договорот денеска го потпиша градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во Министерството за финансии, а овиее средства се од Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП 2.

Ганиу ја изрази својата благодарност за ангажманот на Министерството за Финансии и министерот Фатмир Бесими во оваа насока.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2021 16:14