Во ОВР Кичево вчера беше пријавено дека Г.С.(48) од Кичево е пронајден починат во својот стан, на улицата „Кузман Капидан“.
-По пријавата во станот пристигнала Итна медицинска помош која констатирала смрт. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Инаку, пред неколку години брат на сега починатиот си го одзеде животот со огнено оружје.