ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните и корисниците на услугите на претпријатието дека во согласност со промените во однос на полицискиот час, шалтерите во Дирекцијата од денес, 06.05.2021 продолжуваат со редовно работно време од 07:30 до 19 часот и сабота од 09 до 14 часот.

„Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. – Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието. Информациите поврзани со сметките и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата - СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.“ - стои во соопштението на Водовод.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2021 11:14