Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Драчево изречени се вкупно 92 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, девет за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, пет за некористење сигурносен појас.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.