На 05.05.2021 во 14.25 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Гази Баба, по претходно добиена судска наредба, бил приведен Р.С.(31) од Скопје, поради тоа што се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на затворската казна.