Поради дефект на затварач од Ф 80 на улица Кеј 13-ти Ноември, во текот на денешниот ден прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од плоштадот до Холидеј Ин во Скопје.

– Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:50 часот до завршување со активностите, стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација.

Додаваат дека и во текот на викендот односно во недела поради санирање на два дефекта на затварачи од Ф-300 мм на ул. Св.Кирил и Методиј (до Мисија на Европската Унија) во Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улиците ул.Мајка Тереза, ул.Шарски Одреди, од ул.Св.Кирил и Методиј, ул.Даме Груев, ул.Димитрие Чуповски и ул.Св.Климент Охридски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со активностите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2021 15:57