Актуелниот светски првак Данска и репрезентациите на Словенија и на Црна Гора ќе бидат противници на македонските ракометари во групната фаза на Европското првенство што во јануари идната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Жрепката попладнево во Будимпешта одлучи македонските ракометари да бидат дел од групата А во која натпреварите ќе се играат во унгарскиот град Дебрецин.

Двете најдобро пласирани репрезентации од шесте групи ќе се пласираат во вториот круг во кој во едната група ќе се спојат репрезентациите од групите А, Б и Ц, а втората ќе ја сочинуваат двете првопласирани репрезентации од групите Д, Е и Ф.

Натпреварите од вториот круг ќе се играат во Будимпешта и Братислава.

Европското првенство е на програмата од 13 до 30 јануари 2022 година.

Преостанатите пет групи ги сочинуваат:

Група Б (Будимпешта) – Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија.

Група Ц (Сегед) – Хрватска, Србија, Франција, Украина.

Група Д (Братислава) – Германија, Австрија, Белорусија, Полска.

Група Е (Братислава) – Шпанија, Шведска, Чешка, БиХ.

Група Ф (Кошице) – Норвешка, Русија, Словачка, Литванија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/05/2021 23:49