На 05.05.2021 во 20.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.М.(42) од Скопје пријавила дека на 29.04.2021 околу 14.30 часот на нејзиното работно место во објектот на општина Гази Баба, А.Т. – советник од една политичка партија ѝ упатил закани, а се обидел и физички да ја нападне, но бил спречен од присутните советници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2021 01:23