Американската технолошка компанија IBM, објави дека создала прототип на првиот во светот супербрз чип со големина од два нанометри. Новиот чип ќе биде 75 отсто побрз од стандардниот од седум нанометри а енергијата што ќе ја употребува е иста. При истото ниво на процесирање, чипот од два нанометри ќе употребува 45 отсто помалку електрична енергија.

Од IBM изјавија дека паметните телефони со чип од два нанометри можат да работат без напојување до четири денови, а нивното користење на серверите ќе овозможи намалена потрошувачка на електрична енергија и намалени емисии на штетни гасови во воздухот. Исто така, новиот чип ќе биде користен и во беспилотните автомобили, кратејќи го времето неопходно за обработка на податоци.

Сериското производство треба да започне кон крајот на 2024 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2021 01:24