Температурата на Земјата достигна рекордни нивоа од пред 3.000.000 години, изјави генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш.

– Минатата година беше уште еден невиден период на екстремни временски непогоди и климатски катастрофи, рече Гутереш.

Според него, концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата повторно е на својот максимум, надминувајќи го прединдустриското ниво за 148 отсто. Гутереш истакна дека ова е највисока бројка во последните три милиони години, кога температурата на Земјата беше за три степени повисока, а нивото на морето за 15 метри повисоко.

– Во согласност со сегашните обврски, сè уште се движиме кон катастрофален пораст на температурата од 2,4 степени до крајот на векот. Се наоѓаме на работ на бездната, предупреди Гутереш.

– За да се спречи најлошото сценарио, човештвото мора да работи заедно за да појде на почист и позелен пат на развој, заклучи тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2021 11:33