На 06.05.2021 околу 20.10 часот, полициски службеници од Пполициската станица Кичево ја лишиле од слобода Љ.М.(26) од Кичево.

При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. При вршење на претресот, Љ.М. физички нападнала полициски службеник.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2021 11:59