Ве информираме дека претстојниов викенд (8 и 9 мај), автобусите ќе сообраќаат до 23 часот, а билетарниците ќе работат вообичаено.

Во прилог се последните термини на поаѓање пред 23 часот. Останатиот возен ред, до наведените последни термини, е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.

Ве потсетуваме дека и натаму не работи Жичарницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“. И натаму, не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2021 13:34