Во близина на мостот „Гемиџии“, во реката Вардар денеска околу пладне бил пронајден човечки труп за што било пријавено во СВР Велес, кои со асистенција на пожарникарите од ТППЕ Велес го извадиле телото од реката. Еден од пожарникарите кој учествувал во неговото извлекување за МИА информира дека трупот бил во поодмината фаза на распаѓање.
По наредба на Основен јавен обвинител кој бил на увид на настанот телото бил предаден на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, информира за МИА, Верољуб Додевски портпаролот на СВР Велес.
-Поради тоа што не се знае идентитетот на трупот, се продолжува со оперативните активности за утврдување на идентитетот на лицето, појасни Додевски.