СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.З.(45) од с.Сараќино, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на платежна картичка и издавање на чек без покритие“.

На 06.02.2021 во Тетово, пријавениот пронашол паричник на лице од Тетово, кое претходно го изгубило, во кој имало пари и платежни картички со пин кодови. После тоа, од банкомати на две банки подигнал пари и пазарувал од еден маркет, по што ги искршил и фрлил картичките.

По преземени мерки било откриено дека пријавениот е сторител на делото и во разговор со полициски службеници го признал делото.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/05/2021 00:02