СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Х.(28) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.
На 26.02.2021 на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, пријавениот се претставувал како полициски инспектор, а по пријава на граѓани тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.