Тренерот Челзи, Томас Тухел се огласи по натпреварот од 35. коло во Премиер лига против Манчестер сити (2:1).

– Победата ни дава самодоверба, но овој резултат нема да влијае на финалето на Лигата на шампионите. Финалето е уникатен натпревар, не можете да предвидите што ќе се случи.

Треба добро да се подготвите. Ќе имаме шанси, тие ќе имаат свои шанси. Сепак, по оваа победа ќе влеземе на теренот знаејќи дека можеме да го победиме Сити. Фудбалерите се уверија дека можат да се „носат“ со силниот ривал. Како и да е, не очекува интересен натпревар во Истанбул, истакна Тухел.

Финалето во Лигата на шампионите меѓу Челзи и Манчестер сити е закажано за 29 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2021 12:43