Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу упати честитка по повод 9 Мај – Денот на Европа.

– Денес, кога го славиме овој ден и сме толку блиску до Европската унија, сакам да потсетам дека европските вредности се секогаш синоним за мир, економски и културен развој, благосостојба и дека мора да ги зачуваме овие вредности многу внимателно. Да не заборавиме во ниту еден момент дека нашата главна цел е членство во Европската унија, стои во честитката од градоначалникот Висар Ганиу.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2021 13:18