Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ организираат акција за собирање кабаст отпад на територијата на Општина Аеродром. Контејнери ќе бидат поставени на четири локации од 18 мај (вторник) до 22 мај (сабота).

Граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар мебел и отпад од електронска и електрична опрема на следниве локации:

• Јане Сандански (АСНОМ 68)

• Стар Аеродром: - „Коста Новаковиќ“ 48 - „В. Комаров“ 29

• Ново Лисиче: - „В.СмилевскиБато“ 19 - АСНОМ 5 – кај „Рамстор“



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2021 14:42