Преку спортски активности на отворено, ракомет, фудбал и игри прилагодени за стекнување на социјални вештини, основците од општина Карпош заедно со своите наставници по физичко образование го одбележаа Меѓународниот ден на физичката активност -10 Мај.

Активностите беа предводени и од сертифицираните тренери по спорт за развој, кои се обучени од здружението „ТАКТ“, преку спорт и физичка активност да ги учат младите да бидат подобри граѓани.

– Една од малкуте работи кои не ни беа забранети овие две години – беше физичката активност на отворено. Вежбајте, спортувајте! Така вложувате во подобра физичка подготвеност, но и психичко здравје, кое е особено важно, имајќи ги предвид околностите во кои живееме. Општина Карпош продолжува да инвестира во ваков тип на спортско – рекреативни зони, кои особено се важни за жителите и за враќање на маалскиот дух по населбите, рече градоначалникот Стефан Богоев.

Локалната самоуправа ги повикува сите граѓани на одговорно користење на спортските/детски игралишта и маалски паркови.

-Да водиме сметка за заштита на урбаната опрема и отпадот да го фрламе на обележаните места, порачуваат од општината



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2021 16:12