Тројца малолетници ќе одговараат за намерно палење контејнери во текот минатиот месец во Тетово, информираат од полицијата. За нив се поднесени кривични пријави за три дела.

-Секторот за внатрешни работи Тетово ja расчисти серијата пожари на контејнери кои се случија минатиот месец во Тетово и изготви соодветен поднесок (известување) до Основното јавно обвинителство Тетово против тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години од Тетово, а поради сомнение дека сториле три кривични дела: „предизвикување општа опасност“, „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „загадување на животната средина и природа“, казниви по членовите 288, 206 и 218 од Кривичниот законик, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Тројцата тетовски малолетници на 18 и 28 април годинава во вечерните часови предизвикале пожар на неколку контејнери на улиците „Благоја Тоска“, „107“ и „Илинденска“ во Тетово, прекршувајќи ја при тоа и забраната за движење.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2021 23:37