Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа на ЕВН Македонија, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Карпош.
Како што информираат од РЦУК Скопје, од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Дрезденска“ – објектот на Катастар, објектот на Јеховини Сведоци, Градежниот институт и објектите во негова близина, како и дел од улицата „Букурешка“ во општина Карпош.