Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу упати денеска честитка по повод Фитр Бајрам. Тој им посакува на граѓаните многу здравје, мир и благосостојба во нивните семејства. Ганиу вели дека иако во време на пандемија, она што не држеше блиску едни до други, непобедливи пред предизвиците со кои се соочувавме, беа токму високите доблести на верата.
“Овој празничен ден што ни доаѓа како подарок и свежина за жртвувањето направено за време благословениот месец Рамазан, несомнено е доказ за триумфот на доброто над злото, благородноста над алчноста, простувањето над одмаздата, одржувањето на семејните врски наспроти нивното раскинување, пред се љубовта над омраза”, вели Ганиу.
Градоначалникот на Чаир истотака апелира до сите граѓани да продолжат да ги почитуваат мерките препорачани од здравствените власти, се додека не се порази пандемијата на вирусот Ковид 19.