Ракометарите на Вардар 1961 се пласираа во финалето на овогодишното издание на Македонскиот куп, откако попладнево триумфираа над актуелниот бранител на трофејот Металург со 27:22 (14:12).

Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ со седум голови беше најефикасен во редовите на „црвено – црните‘, додека македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов постигна гол помалку во дресот на Металург.

Победникот во првата полуфиналната пресметка во ракометниот Куп беше решен на стартот на второто полувреме, кога Вардар со серија од 5:0 се „одлепи“ на 19:12 и рутински ја зачува предноста до крајот на мечот.

Противникот на актуелниот македонски шампион во саботното финале ќе биде победникот од вечерашниот втор полуфинален натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2021 01:08