Премиерот Зоран Заев и градоначалниците на Скопје, Петре Шилегов, и на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска ќе извршат увид во почетните активности за реконструкција на ул.„Орце Николов“ кои се планирани на потегот од почетокот на улицата (пресек со бул.„Климент Охридски“) до крстосницата со ул. „Ленинова“.

Со реконструкцијата на оваа улица според проектот е предвидено ослободување на тротоарите од возила и намалување на коловозната лента на шест метри, во интерес на изведба на нови велосипедски патеки во должина од 2.400 метри, како и нови пешачки патеки во должина од 2.200 метри, поставување подигнати премини и монтажен кружен тек.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2021 10:16