Португалија одобри туристичките патувања за граѓаните на повеќето европски земји, соопшти тамошното Министерството за внатрешни работи.

Луѓето од земјите на ЕУ во кои бројот на заболени од коронавирус е помал од 500 на 100.000 жители можат да патуваат во Португалија и кога станува збор за патувања што не се неопходни, се наведува во соопштението на португалската влада. Мерката стапува во сила од понеделник.

Сите патници постари од две години, пред да се качат во авион, мораат да покажат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Авиокомпаниите што примаат патници без тест се соочуваат со казна од 500 до 2.000 евра по патник, се вели во соопштението.

Ограничувањата, кои дозволуваат само неопходни патување, се задржани за осум земји, вклучително и пет земји на ЕУ – Кипар, Хрватска, Литванија, Холандија и Шведска, како и Јужна Африка, Бразил и Индија.

Патниците од тие земји ќе треба да минат 14 дена во карантин по пристигнувањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2021 01:54