Македонскиот маратонски пливач Евгениј Поп Ацев го освои 9. место на делницата од 25 километри, на 35. Европско првенство што денеска завршува во Будимпешта.

Во конкуренцијата на 15 пливачи, Поп Ацев постигна време од 4:37.34.

Златниот медал го освои Французинот Аксел Рејмонд (4:35.59), пред Матео Фурлан од Италија (4:36: 05) и Кирил Абросимов од Русија (4:36:06).



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2021 00:09