Во периодот од 18 до 22 мај 2021 година, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во сите скопски општини.

Во рамките на акцијата, Претпријатието ќе постави специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да го одложат стариот мебел и отпадот од електричната и електронската опрема.

„Законот за јавна чистота на РМ забранува кабастиот отпад да се одлага на јавни површини, а неговото несовесно исфрлање резултира со создавање диви депонии. Од овие причини одлучивме на жителите на градот Скопје да им понудиме можност својот кабаст отпад да го одложат во специјални садови што ќе бидат поставени во непосредна близина на нивните домови. Ги повикуваме граѓаните да ја искористат можноста за одлагање кабаст отпад во рамките на акцијата што истовремено ќе се одвива во сите скопски општини.“ - истакна директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Контејнерите наменети за одлагање кабаст отпад, ќе бидат поставени на следните локации:

Општина Бутел

1. Скопје Север - кај Стокомак 2. Бутел 2 - на платото кај џамијата 3. Помегу 1 и 2 влез во Радишани 3. Спроти црквата Св.Јован кај трансформаторот во Бутел 1

Општина Аеродром

Реон: населба: Јане Сандански

бул АСНОМ бр. 68 Реон: населба: Стар Аеродром

ул. Коста Новаковиќ бр.48 (23ти Октомври бр.29) Реон: населба: Ново Лисиче

бул. Видoe Смилевски Бато бр. 19 Реон: населба: Ново Лисиче

бул.АСНОМ бр.5 (кај „Рамстор“) Општина Чаир

1. раскрсницата меѓу бул. Цветан Димов и ул. Коста Абрашевиќ

2. ул. Ферид Мурад, до средното училиште Цветан Димов, кај Топлана Север

3. ул. Крсте Асенов бр. 5 кај контејнерите (до чајџилница Пајтон)

4. раскрсницата меѓу ул. Дижонска и ул. Втора македонска бригада ( кај контејнерите)

Општина Kaрпош

1. Тафталиџе 2, на улица „Женевска“ (автобуска постојка на последна 24-ка)

2. Козле, кај ресторанот „Македонска куќа“

3. Долно Нерези, на улицата „Ванчо Мицков“

4. ВЛАЕ 2, позади Порта Влае, кај контејнерите на ЈПКХС, во близина на автобуската постојка

Општина Шуто Оризари

1. Автобуска постојка на последна 19-ка

2. Спроти затворот, кај Жуто Лукс

3. На паркингот зад општината Шуто Оризари

Општина Ѓорче Петров

1. Ѓорче 2, автобуска постојка на последна 5-ка

2. Хром, автобуска постојка на последна 4-ка

3. Стара полициска станица

4. Месна заедница ГЕГЕ

Општина Гази Баба

1. Ченто, ул. Маџари, спроти ресторан „Dalia“

2. Автокоманда, ул. Лазар Поп Трајков, кај месната заедница

3. Алија Авдовиќ, ул.М.А.Ченто, кај кај месната заедница

4. Триангла, ул. Благоја Стефковски, кај КАМ маркет

Општина Кисела Вода

1. УЗ Населба Драчево

ул.Бранко Заревски бр.17, Парк на бранители

2. УЗ Кисела Вода

ул.Христо Татарчев (главна) наспроти ЈДГ 8-ми Март

3. УЗ Цветан Димов

ул.Георги Димитров (заден влез на СГУ Васил Антевски Дрен)

4. УЗ Црниче

ул.Наум Охридски бб (пред УЗ Црниче)

Општина Центар

1. Паркинг на ЈП ПОЦ спроти Веро Џамбо

2. ул. Питу Гули, кај Тинекс (нас.Водно)

3. Влезот на ООУ „Ј.Х.Песталоци“

4. Дебар Маало, кај кружниот тек

Општина Сарај

1. Кај претоварната станица на ЈПКХС

2. Локација на старата општина Сарај



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2021 12:31