Сезоната во регионалната ракометна СЕХА Газпром лигата ќе заврши со осминафиналните дуели меѓу Вардар и Металопластика. Победникот од тој двомеч ќе се пласира во четвртфиналето на СЕХА лигата чии дуели дополнително ќе бидат закажани, но ќе се играат во август.
– Вардар и Металопластика се договорија своите две средби од осминафиналето да ги одиграат во Скопје, на 7 и 8 јуни, и двете со почеток во 17:30 часот, соопшти РК Вардар.
Тоа ќе бидат и последни средби за Вардар сезонава, бидејќи претходно планирано е домашното првенство да заврши на 3 јуни.