Ве покануваме да ни се придружите да вежбаме на отворено – денеска со почеток во 18 часот, кај Школката во Градски парк, во паркот зад „Три Бисери“ во Аеродром, во паркот во Ѓорче Петров и во паркот во Чаир, заедно со тим од стручни лица од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе вежбаме според следниот распоред:
КАЈ ШКОЛКА, ГРАДСКИ ПАРК:
• моторика
• гимнастика
• аеробик
• бокс
ВО ПАРКОТ ЗАД „ТРИ БИСЕРИ“:
• јога
ВО ПАРКОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:
• аеробик / пилатес
• моторика
• голф
ВО ПАРКОТ ВО ЧАИР:
• фудбал
• моторика
Можноста граѓаните бесплатно да вежбаат и да се рекреираат на отворено е дел од проектот „Скопје вежба“ кој го спроведува Град Скопје во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Проектот има цел да им помогне на граѓаните да го подобрат своето здравје и да ја одржат физичката форма.
Почнувајќи од денеска, 17 мај, па во наредните три месеци, скопјани ќе имаат можност да вежбаат и да се рекреираат на отворено секој работен ден, по 18 часот, на различни локации на јавните површини и парковите во Скопје. Ќе се вежба аеробик, фитнес, пилатес, зумба, спортска јога, атлетика и друго.
За дневниот распоред на вежби и локации во текот на месеците мај, јуни и јули граѓаните можат да се информираат на Интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и преку социјалните мрежи на Град Скопје.