Кога по неколкумесечните гласини за неговото наводно неверство и сагата околу љубовното советувалиште, во средината на минатиот месец, Џенифер Лопез и Алекс Родригез раскинаа, тој наводно се надевал оти тоа е само привремено.

Сега, кога станува сѐ појасно дека Џеј Ло повторно се гледа со поранешното момче Бен Афлек, Алекс е „тажен и шокиран“, пренесува таблоидот „Ентертејнмент“ повикувајќи се на неименуван извор.

„Тој навистина мислеше дека со неа ќе го надминат ова и повторно ќе бидат заедно. Јасно ѝ даде на знаење (на Лопез) дека е вознемирен… (Алекс) прави сѐ што е во негова моќ за да ја направи Џеј Ло среќна,“ раскажува неименуваниот нивни пријател.

Сепак, новите слики од Џенифер и Бен заедно, укажуваат нешто поинакво.

Лопез беше во врска со Родригез од 2017 година, а со Афлек – од 2002 до 2004 година. Во меѓувреме, таа мина 10 години во брак со латино-пејачот Марк Ентони, а претходно беше омажена и за Оџани Ноа.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2021 13:28