Манекенката Хајди Клум во своето последно интервју за „Ентертејнмент тунајт“ проговори и за врската и бракот со нејзиниот трет избраник, музичарот Том Каулиц.

– Конечно ја најдов својата сродна душа. Како голем романтичар, правам многу чудни работи – оставам убави белешки насекаде и правам многу за него… Толку е прекрасно кога вашиот партнер реагира спонтано. Наскоро ќе имам 48 години и веќе третпат сум во брак, а мојот трет брак е, едноставно, прекрасен!, се пофали манекенката.

Хајди Клум и гитаристот на германската поп-група „Токио хотел“ се венчаа 2019 година. Таа е скоро 16 години повозрасна од него. Пред тоа, супермоделката беше во брак со пејачот Сил (од 2005 до 2014 година), а претходно, од 1997 до 2002 година, беше омажена за стилистот Рик Пипино.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2021 10:53