Корисниците на Јутјуб во повеќе земји се соочија со проблеми обидувајќи се да ја искористат услугата, и тоа барем двапати последниве 24 часа. Наводите ги потврди и интернет-страницата „даундетектор“ (Downdetector), која ги следи падовите на популарните интернет-ресурси.

Според порталот, повеќето поплаки доаѓале од САД. Технички дефекти се пријавени и од Велика Британија, Канада, Бразил и други земји. Корисниците, главно, се жалеле на проблеми со гледањето видеа.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2021 11:01