Холивудскиот глумец Чарлс Гродин, можеби најпознат по улогата во филмовите за кучето Бетовен, почина на 86 години, во својот дом во Конектикат (САД).

Како што соопшти неговиот син Николас Гродин, комичарот починал од рак на коскената срж.

Тој глумеше во вкупно 70 филмови, меѓу кои и „The Heartbreak Kid,” „Heaven Can Wait”, „Midnight Run” и многу други.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2021 11:33