Во спортско рекреативниот центар Матка, денеска и утре се одржува традиционалниот Меѓународен Илинденски кајак слалом ИКАС, една од трите најстари манифестации во кајак на диви води во Европа. Меѓународниот Илинденски кајак слалом ИКАС како симбол на кајак спортот во Град Скопје, РС Македонија и пошироко во Европа, оваа година повторно се најде на календарот на Светската и Европската кајак федерација.
Поради состојбата со коронавирусот натпреварот се одржува со нов термин, на 22 и 23 мај. Ќе учествуваат натпреварувачи од Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Хрватска и Турција.
Организацијата на годинашниот ИКАС е поддржана од Градскиот кајакарски сојуз на Скопје.