Циклусот од 10. турнири за најдобар светски играч во брзопотезен шах продолжува со Шестиот шампионски турнир, што ќе се одржи од утре до 31 мај на интернет страницата chess24. com.

Турнирот ќе се игра под името „FTX Crypto cup“ и ќе влезе во историјата како прво шаховско натпреварување на кое дел од наградниот фонд ќе биде исплатен во биткоин, најпопуларната крипто валута, чија вредност во моментов изнесува околу 36.000 долари.

Наградниот фонд за овој онлајн шаховски турнир изнесува рекордни 320.000 долари, а новиот спонзор, крипто-берзата „FTX“, учествува со 100.000 долари во криптовалути.

По воведните пет турнири на табелата води актуелниот светски шаховски првак Норвежанецот Магнус Карлсен (185 бодови), пред американскиот велемајстор со филипинско потекло Весли Со (145) и Азербејџанецот Тимур Раџабов (109).



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2021 15:27