Куп на Македонија за сениори/ки ќе се одржи викендов во организација на Атлетска федерација на Македонија во националната арена „Тодор Проески“. Предвидено е денеска и утре да се натпреваруваат 200 спортисти меѓу кои и кандидатите за Олимпијада а се очекуваат нови резултати.
- Овој викенд е важен за нас како Федерација, ќе има натпревари во повеќе дисциплини и тоа трчање од 100 до 1000 метри, како и на пречки, височина, далечина, трискок, фрлање на ѓуле, диск, копје, така што на националната арена „Тодор Проески“ според Ковид протоколи очекуваме нови резултати. Да им посакаме успех на нашите најдобри атлетичари и со тоа да ја претставиме земјава подобро на претстојните меѓународни натпревари, вели претседателката на АФМ, Александра Војнеска Зикова.
Федерацијата, согласно календарот што е усвоен уште пред почетокот на 2021 година ќе одржи низа домашни натпреварувања, државни натпреварувања, како и екипни и индивидуални, до крајот на годината ќе има речиси секоја недела натпревар.