Најдобриот светски тенисер во моментов и рекордер според бројот на недели минати на врвот на АТП листата Новак Ѓоковиќ денеска го слави својот 34. rоденден.

Роден во Белград на 22 мај 1987 година, еден од најдобрите тенисери на сите времиња досега во кариерата освои 82 трофеи, од кои 18 на грен-слем турнирите, со 950 победи и бројни рекорди зад своето името.

Само од паричните награди на турнирите, Ѓоковиќ досега инкасираше близу 148 милиони долари.

Ѓоковиќ својот 34. роденден го прославува во родниот град каде учествува на „Белград Опен“.

Турнирот започнува в понеделник а Ѓоковиќ е слободен во првото коло.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2021 17:18