Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 5 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 131 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.

Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 18 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 64 пациенти.

Вкупно 131 пациент потврден и сомнителен за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2021 11:22