Без вода утре од 9 часот ќе останат дел од корисниците од улиците Букурешка и Париска во општина Карпош.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекинот со водоснабдување е поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. Букурешка бр.81 и ќе трае се до завршување на работата.